Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманен изјави дека неговата земја нема да прифаќа мигранти кои пристигнале на медитеранскиот остров Лампедуза, јави ДПА.

„Франција нема да прифати мигранти од Лампедуза“, изјави Дарманен за францускиот ТВ канал Те-Еф 1.

„Франција се залагаше за тешки мерки. Илегална миграција има во Франција и Италија, како и низ Европа, против која мора да се бориме“, рече министерот за внатрешни работи.

Според Дарманен, Франција понудила да и помогне на Италија да ги враќа луѓето во земји со кои Париз има добри дипломатски односи.

Тој рече дека околу 60 отсто од луѓето што пристигнале во Лампедуза зборуваат француски јазик.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.