Речиси 45 илјади полицајци и жандарми вечерва повторно се мобилизирани во Франција за да се справат со нередите што ја потресоа земјата по убиството на момче од полицаец за време на сообраќаен прекин во вторникот во предградие на Париз.

Францускиот министер за внатрешни работи, Жералд Дарманен, соопшти дека во Марсеј и во Лион, главните градови погодени од нередите, присуството на полицијата ќе биде „значително“ зголемено.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.