Во Франција 11 бискупи се обвинети за сексуално злоставување. Француската независна комисија минатата година процени дека во текот на 70 години 330.000 деца биле сексуално злоставувани.
Документот од 2.500 страници опишува дека во текот на 7 децении, околу 3.000 злоставувачи на деца, од кои две третини се свештеници, работеле во Католичката црква во Франција.
Францускиот кардинал Жан Пјер Рикард бил меѓу единаесетте поранешни или сегашни бискупи обвинети за сексуално злоставување, објави црковното тело.
Изјавата на кардиналот за признанијата е прочитана на конференција на француските бискупи во Лурд. Сите обвинети ќе се соочат со дисциплински мерки.
Рикард во изјавата рекол дека „пред 35 години, кога бил свештеник, се однесувал на непристоен начин кон 14-годишно девојче“.
Без сомнежи моето однесување предизвика сериозни и долготрајни последици на таа личност“, изјавил кардиналот, додавајќи дека побарал прошка од девојчето.
Рикард бил бискуп во Бордо од 2001 година до 2019 година. Изјави дека ќе се повлече од сите функции и ќе им биде достапен на црковните и на правните власти. Сега е во пензија и има 78 години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.