Франција во средата успешно тестираше модернизирана верзија на својата балистичка ракета со среден дострел АСМПА, кој може да носи нуклеарно полнење, соопшти во четвртокот француското Министерство за одбрана. Француската министерка Флоренс Парли, рече дека е многу задоволна од тестирањето на таа стратешка ракета лансирана од авионот Рафал, кој полета од воената база Казо во Атлантскиот Океан.

Француската програма за вооружување е во согласност со целта на претседателот Емануел Макрон „да се одржи оперативниот кредибилитет на вооружените сили на ниво кое го бара меѓународната средина“, соопшти Министерството.

По успешното тестирање АСМПА оди во пошироко производство, а потоа во француската армија.

Ракетниот систем АСМПА во сегашната форма датира од 2009 година, а иако новиот систем треба да го наследи во 2035 година, акцентот во моментов е на модернизирање на постоечкиот.

Откако Британија ја напушти Европската унија, Франција остана единствената членка на тој сојуз со нуклеарно оружје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.