Електраната на јаглен на истокот на Франција, затворена на 31 март, би можела да биде рестартирана зимава, со оглед на ситуацијата во Украина и тензиите на енергетскиот пазар, потврди француското Министерство за енергетска транзиција.

Од Министерството најавија дека ја оставаат можноста за активирање на централата Сент Аволд за следната зима на дополнителни неколку часа, доколку има потреба.

Како што беше наведено, Франција во секој случај ќе остане под еден процент од електричната енергија произведена од јаглен, а руски јаглен нема да се користи.

Во Франција има само уште една електрана на јаглен во Кордеме на запад, каде што повеќе од 67 отсто од електричната енергија се произведува од нуклеарни извори, а фосилните горива сочинуваат 7,5 отсто во 2020 година, од кои 0,3 отсто биле јаглен и 6,9 проценти гас.

Министерството соопшти дека рестартирањето на централата се вклопува во нејзиниот план за затворање и дека планот на претседателот Емануел Макрон за затворање на сите фабрики на јаглен во Франција останува непроменет.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.