Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманан денеска го критикуваше „целосно несоодветниот одговор“ и „недостигот на хуманост“ на Обединетото Кралство кон украинските бегалци вратени во Кале. Тој негодувањето го изрази во писмо до неговата британска колешка Прити Пател, јави дописникот на МИА.
Во обид да им се придружат на своите семејства преку Каналот, околу 150 Украинци кои бегаат од нивната земја нападната од Русија, во последните денови беа замолени од британските власти да се „свртат“ и „да отидат во Париз или Брисел“ за да ги добијат своите визи, вели во своето писмо францускиот министер
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.