Во Франција до пладне гласале 26,41 отсто од гласачите. Франција бира нов претседател.
Тоа е скоро 2 отсто помалку отколку што гласале во вториот круг од 2017 година, но одѕивот е нешто подобар во споредба со првиот круг од пред две недели, кога на гласање до пладне излегоа 25,48 отсто од гласачите.
Анкетите на јавното мислење во последните денови му дадоа на центристот Емануел Макрон водство од 10 отсто, затоа што аналитичарите велат дека десничарката Марин Ле Пен остана неприфатлива за многумина. Таа спомена дека ако стане претседател, Франција ќе го напушти НАТО, а воедно Ле Пен сака доближување кон Русија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.