Епидемијата на Ковид-19 достигнува нов пик во Франција веќе неколку недели, така што денеска се регистрирани 108 смртни случаи од вирусот, покажуваат најновите податоци на Јавното здравство во Франција.
Во моментов се хоспитализирани 18.605 пациенти, од кои 176 се во критична состојба.
Ова е во моментот кога Европската Унија препорача втора засилена вакцина против Ковид-19 (четврта доза) за сите лица постари од 60 години, наместо 80 години какошто беше досега. Препораката важи и за сите ранливи лица, велат од Европскиот центар за превенција и контрола на болести и Европската агенција за лекови (ЕМА) во заедничкото соопштение.
Ги повикуваме земјите-членки веднаш да понудат втори засилувачи на сите постари од 60 години и ранливите луѓе, и ги повикуваме сите подобни луѓе да се пријават за вакцинација – изјави Европската комесарка за здравство, Стела Киријакидес.
Во април, двете здравствени агенции на ЕУ веќе го препорачаа овој втор засилувач – во повеќето случаи четврта доза – за постарите од 80 години, но сигнализираа дека може да следи проширување за лица над 60 години.
Европа се соочува со зголемување на случаите со Ковид, но и со нагорен тренд на бројот на хоспитализации или итни приеми во неколку земји, главно поради подваријантата БA.5 на Омикрон, која е позаразна – истакна директорот на Европскиот центар за превенција и контрола на болести, Андреа Амон.
Претседателот на Научниот совет Жан-Франсоа Делфраиси, кој предвидува врв на седмиот бран за идната недела, изјави дека здравствениот систем на Франција „ќе издржи“ ова лето против варијантата БА.5.
Тој потсети дека подваријантата Омикрон, БА.5, е „многу пренослива“, но „не е потешка“. Според него, „моментално има околу 1.100 или 1.200 класични хоспитализации дневно“.
Во март стигнавме до 1.800, а во јануари околу 2.800, 3.000 па ќе стигнеме до 1.800, можеби и малку да ги надминеме. Имаме болнички систем кој е уморен, ќе имаме многу движења на населението, вирусот ќе продолжи да циркулира, а понудата за нега ќе биде слаба затоа што ќе има одмори за болничкиот персоналот – изјави Делфраиси.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.