Претседателката на Европска комисија, Урсула фон дер Лајен изјави дека сомнежите за корупција во ЕП се многу сериозни.
Овие наводи се крајно загрижувачки, крајно сериозни. Прашање е за довербата на луѓето во нашите институции, истакна Лајен, потсетувајќи дека предложила создавање независно тело за етички прашања во институциите на ЕУ.
На 9 декември во Брисел беа уапсени неколку лица по најмалку 16 претреси поврзани со истрагата за исплата на голема сума пари од страна на една земја од Персиски Залив за да се влијае врз одлуките на членовите на ЕП. Полицијата заплени 600.000 евра.
Меѓу уапсените е и потпретседателката на ЕК, Ева Каили од редовите на социјалистите и уште три лица. Тие се обвинети за учество во криминална организација, перење пари и корупција.
Обвинителите изјавија дека со месеци се сомневале дека Катар се обидува да влијае на одлуките во Брисел, а катарските власти ги негираа наводите за можни неправилности.
ЕП неделава треба да гласа за предлогот за продолжување на безвизното патување во Европска Унија за Кувајт, Катар, Оман и Еквадор. Некои пратеници предложија да се одложи дискусијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.