Финска планира да изгради нови посилни огради на некои делови од границата со Русија, во очекување на „хибридни напади“ од Русија по кандидатурата на земјата за членство во НАТО.

Плашејќи се дека Москва би можела да ги искористи мигрантите за политички притисок, Хелсинки планира нов закон за зајакнување на оградите на некои делови од 1.300 километри долгата граница со Русија. Се очекува проектот да се реализира во најкраток можен рок.

Финска, која аплицираше за влез во НАТО, стравува од „хибридни одмазднички мерки“ како што се кибер-напади или невоени операции за дестабилизација.

Целта на овој предлог-закон е да се подобри оперативниот капацитет на граничарите како одговор на хибридните закани. Ова прашање стана итно поради војната во Украина – изјави Ен Иханус, советничка во Министерството за внатрешни работи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.