Финска се подготвува да поднесе барање за членство во НАТО, што би можело да се случи кон крајот на април, објави весникот „Илталехти“.
Според извори во финската влада, одлуката за аплицирање за членство во НАТО ќе биде донесена пред мај, односно кон крајот на април.
Изданието забележува дека во финскиот парламент има силно мнозинство за влез на земјата во НАТО.
Генералниот секретар Јенс Столтенберг постојано споменуваше дека земјите-членки на НАТО се подготвени да ја прифатат Финска како членка на алијансата.
Кон крајот на март, финскиот претседател Саули Ниинисто објави дека разговарал со генералниот секретар на НАТО за принципите и процедурите за прием на нови членки во алијансата.
Пристапувањето на Финска во НАТО мора да биде одобрено од сите земји-членки. Кога тоа ќе биде направено, генералниот секретар на Алијансата ја поканува земјата кандидат да влезе во НАТО
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.