Турција преговара со палестинската милитантна група Хамас за ослободување на странци, цивили и деца кои групата ги држи како заложници, изјави денеска турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан.

На заедничка прес-конференција со неговиот либански колега во Бејрут, Фидан рече дека „многу земји“ испратиле барања до Турција за да обезбедат ослободување на нивните граѓани кои ги држи Хамас.

Во понеделникот, Фидан разговараше со лидерот на Хамас Исмаил Ханија за ова прашање, рече извор од Министерството за надворешни работи.

Хакан Фидан изјави дека Египет в сабота ќе биде домаќин на самит на државните лидери на кој ќе се разговара за израелско-палестинскиот конфликт.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.