Ризикот од терористички напади во Европа е зголемен откако Хамас го започна нападот врз Израел на 7 октомври, соопшти полицискиот орган Европол за ДПА.

Неодамнешните напади во Брисел и Париз беа мотивирани од тоа, изјави денеска во Хаг Катрин Де Боле, директорка на Европол.

Таа додаде дека терористичката закана се зголеми откако Хамас го нападна Израел и реакцијата на Израел на тоа во Појасот Газа.

Според неа, џихадистичките групи претставуваат најголема закана.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.