Калининград, руската ексклава меѓу Литванија и Полска, наскоро би можело да биде изземена од некои од санкциите наметнати од Европската Унија кон Русија за извоз на одредени стоки. Како што пишува германски „Шпигел“, ваквата можност доаѓа откако германскиот канцелар Олаф Шолц во четвртокот ги повика Вилнус и Брисел да ги укинат ограничувањата за товарниот транспорт од Русија до ексклавата, наведувајќи дека таму не треба да се применуваат европските санкции против Москва.
Според „Шпигел“, Европската комисија подготвува документ со кој се појаснува примената на тие санкции, во кој се наведува дека на Москва ќе и бидат дозволени транзитни рути за сите производи, но во ограничени количини, односно онолку колку што е споредливо со испораките од времето пред руската воена операција во Украина.
На 18 јуни литванските власти објавија дека забрануваат затранспорт на стоки опфатени со санкциите на ЕУ преку територијата на таа земја од Русија до Калининград, територија која ја нарекуваат „Ахилова пета на НАТО“ и која стана жешка точка во конфликтот меѓу Русија и Западот,. Листата на санкции на ЕУ вклучува јаглен, метали, градежни материјали и напредна технологија.
Таквата литванска одлука предизвика револт во Русија. Додека литванските цариници почнаа да ги запираат товарните возови за проверка, Москва се закани со „практична“ одмазда доколку ЕУ не ги одблокира металите заглавени во транзитот. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, исткана дека забраната од Литванија е „без преседан“ и „незаконска“.
Потоа се огласи високиот претставник на ЕУ за надворешна политика, Хозеп Борел, кој ги отфрли наводите на Москва дека Литванија применува национални санкции, посочувајќи дека тоа се санкции на ЕУ, додека литванската премиерка Ингрида Шимонита посочи дека забраната за транзит не е насочени кон блокирање на регионот, туку против стоките кои подлежат на европски санкции.
Кога дојде до врвот на повеќенеделните тензии, германсиот канцелар, Олаф Шолц интервенираше и, говорејќи на прес-конференција на самитот на НАТО во Мадрид, порача дека е „прашање на ЕУ да ги утврди потребните рамки и правила“ за транспорт на товар од Русија до нејзината ексклава.
Се разбира, тие санкции мора секогаш да се ставаат во светло на фактот дека станува збор за сообраќај меѓу два дела на Русија – истакна Шолц, сугерирајќи дека не треба да се применуваат санкции на ЕУ за руски стоки, бидејќи овие стоки не влегуваат во блокот како увоз, тукуи само минуваат како транзит преку територијата на ЕУ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.