ЕУ ги интензивира напорите за запчленување на имотот на руските граѓани: Европската комисија ја потврди забраната за увоз и внесување во ЕУ на лични автомобили, паметни телефони, лаптопи и накит од Русија.

ЕУ издаде објаснување по големиот број случаи на запленување лични автомобили на руски државјани од страна на германската царина. Во таквите случаи, објаснувањето дека автомобилот се користел за лични цели не ги задоволило цариниците.

Во исто време, други лични работи на руските државјани сега може да бидат изложени на ризик од запленување: козметика, куфери, лаптопи, мобилни телефони, производи од кожа и крзно, полускапоцени и скапоцени камења, тоалетна хартија, шампони, пасти за заби, приколки и полу -приколки за превоз на стока, јахти, камери.

Секоја земја во ЕУ може да применува свои правила за увоз на овие предмети, што во пракса значи дека во однос на граѓаните на Руската Федерација, законот при влез во различните земји од ЕУ, може да се толкува на кој било начин.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.