Европската комисија обезбеди дополнителни 54.000 дози вакцини против мајмунски сипаници, развиени од биотехнолошката мултинационална компанија „Бавариан Нордик“.
Дополнителната набавка следи по првиот договор склучен во јуни, кога Европската унија нарача околу 110.000 дози вакцина против мајмунски сипаници од таа компанија.
Загрижена сум поради зголемениот број случаи на мајмунски сипаници во ЕУ, наведе еврокомесарката за здравство Стела Киријакидес.
Таа додаде дека сега се регистрирани 7.000 случаи во ЕУ, што е зголемување за околу 50 отсто од минатата недела.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.