Турција се претвора во голем гасен центар, на кој се смета во странство, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Ердоган ги критикуваше противниците на Анкара кои бараат Турција да се откаже од урамнотежената политика во однос на украинската криза.

Турскиот лидер изјави дека откажувањето од дијалогот со една од конфликтните страни ќе ја стави Турција на иста линија како и европските земји кои моментално ја преживуваат енергетската криза.

– Урамнотежената политика на Турција привлече одобрување во светот. Кога би се навратиле на критиките, денес, како Европејците, ќе треба да размислуваме како да ја преживееме зимата што доаѓа. Меѓутоа, Анкара тргна по друг пат и немаме проблеми со гасот – рече Ердоган, а пренесува агенцијата „Анадолија“.

Рускиот претседател Владимир Путин пред неколку недели најави дека Русија би можела да го префрли транзитот на гас од „Северен тек“ во регионот на Црното Море и Турција. Рускиот лидер разговарал за идејата со Ердоган, а двајцата лидери потоа наредиле детално и брзо да се разговара за ова прашање.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.