Се што сакаме е конфликтот во Украина, во кој има многу жртви и во кој нема победник, да заврши мирно, а рускиот став „дека сакаaт да заврши што е можно поскоро“ е многу важен, изјавил турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, пренесуваат медиумите.
Ердоган, кој пристигна во Њујорк на Генералното собрание на ОН, за американската телевизиска мрежа PBS изјави дека неодамна во Узбекистан се сретнал со рускиот претседател Владимир Путин и имал многу опсежни разговори со него.
И тој всушност ми покажа дека е подготвен да го заврши ова што е можно поскоро. Тоа беше мојот впечаток, бидејќи начинот на кој се одвиваат работите во моментов е доста проблематичен – рече турскиот претседател.
Според Ердоган, Турција води балансирана политика меѓу Киев и Москва откако Русија започна воена операција против Украина во февруари и поддржува сослушување на двете страни.
Тој најави и дека има договор меѓу завојуваните страни за размена на 200 затвореници и според него тоа ќе биде значаен чекор напред.
Ердоган, исто така, смета дека мировното решение не треба да дозволи Русија да задржи дел од териториите што ги зазеде во воениот конфликт со Украина, пренесува медиумот.
Турскиот претседател за PBS зборуваше и за блокирањето на приемот на Шведска и Финска во НАТО, што Анкара го објасни со „поддршката на курдските терористи“ во овие две земји и рече дека во Шведска „терористи се инфилтрирале се до нивните парламенти”.
„Во Стокхолм гледаме дека терористите постојано демонстрираат. Има многу транспаренти и постери на лидерите на терористичките организации. Тие демонстрираат. Извикуваат слогани. И ги напаѓаат невините потомци на турските граѓани во Стокхолм. Им ги дадовме на нашите шведски соговорници сите докази поврзани со овој развој“, рекол Ердоган.
Тој нагласил и дека „Финска, од друга страна, не е како Шведска“ и дека ситуацијата во таа земја е „малку помирна“ и дека властите „имаат поголема контрола врз развојот на настаните“.
Приемот на Шведска и Финска се уште не е ратификуван од Словачка, Унгарија, Португалија и Турција, а за влез во НАТО потребна е согласност од сите 30 членки на Алијансата, пренесуваат медиумите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.