Партијата на правдата и развојот (АКП) на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган формираше свој огранок во Германија и би можела да се натпреварува на изборите за Европскиот парламент на 9 јуни.
Британскиот „Дејли телеграф“ објави дека Демократската алијанса за различност и будење (ДАВА) е официјално формирана на 7 јануари.
„Билд“ пишува дека ДАВА бара „луѓето со странски корени да добијат целосни права“.
Овие луѓе често „кога бараат станови, кога аплицираат за работа, но и во многу секојдневни ситуации, на пример во контакт со властите, доживуваат дека не се прифатени како полноправни членови на европското општество“.
Партијата сака да се бори против детската и повозрасната сиромаштија и повикува на „прагматична бегалска политика без идеологија“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.