Една од најголемите авиокомпании во светот „Емирати“ ќе продолжи да лета за Русија додека сопствениците на компанијата не кажат поинаку.

Се додека државата, нашиот сопственик, бара да летаме таму, ние ќе продолжиме. Има многу причини зошто летаме, носиме хуманитарна стока, имаме невладини организации кои патуваат до и од Русија, имаме дипломатска заедница која влегува и излегува од Русија… – , изјави директорот на „Емирати“, Тим Кларк.

„Емирати“ е една од двете државни авиокомпании во Обединетите Арапски Емирати.

За разлика од нив, повеќето западни авиокомпании ги прекинаа активностите во Русија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.