Бостонската ТВ мрежа Newsnation ја покажа внатрешноста на куќата на починатата Ана и обвинетиот Брајан Волш, која ја изнајмиле во населбата, во Кохасет во близина на Бостон, откако нивната изгорела.

 

 

Во таа куќа живееле со трите сина – од две до шест години. Во работните денови Ана ја користеше куќата што ја поседуваа во Вашингтон поради работата во агенција за недвижности, планирајќи наскоро заедно да се преселат таму.

Фотографиите  покажуваат мрачна сцена – полуукрасена новогодишна елка, празнична ламба оставена на масата во кујната и шишенце оставено со малку млеко.

На видеото се гледа и полициска лента останата од истрагата на предната и задната влезна врата, како и дамки на внатрешната врата од подрумот за кои новинарите на News News велат дека потекнуваат од истрагата и спреј луминол, кој користи ултравиолетова светлина за да бара измиени и исчистени траги од крв.

Станува збор за подрумот каде полицијата пронашла траги од крв и крвав нож



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.