Најмалку осум лица загинале, а уште едно се води како исчезнато по експлозија на силос во земјоделска задруга во јужен Бразил, соопшти владата на сојузната држава Парана.
Експлозијата се случила во задруга во градот Палотина, на околу 600 километри од главниот град на Парана, Куритиба.
Причината за експлозијата се уште не е позната.
Парана е еден од најголемите производители на житарки во Бразил.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.