Еден од најголемите шпански тореадори, Хулиан Лопез Ескобар, попознат како „Ел Хули“, објави дека на 41-годишна возраст прекинува со борбите со бикови на крајот на сезоната.

Дваесет и пет години откако станав тореадор, ве известувам за својата одлука да престанам со борбите со бикови на крајот на сезоната. Ова не е пензионирање, ова е крај на една величествена етапа во тешката професија“, порача познатиот шпански тореадор, додавајќи оти сака повеќе да му се посвети на семејствата и на други активности во животот.

На почетоците на неговата кариера, поради младоста, не му беше дозволено да се натпреварува во главните арени во Шпанија, поради што на 15-годишна возраст замина за Мексико каде стекнуваше тореадорско искуство. Со 15 години стана најмлад професионален тореадор, а две години подоцна стана и најплатен во својата професија.

Во текот на својата две и пол децениска кариера беше повреден дури 18 пати по борбите со бикови, а неколку пати беше и сериозно избоден.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.