Велика Британија сè повеќе ќе и помага на Украина, а тоа ќе трае се додека ѝ треба помошта, изјави британскиот премиер Борис Џонсон на донаторската средба во Лондон наречена „Храбра Украина“.
Што и да се обиде Путин да му направи на украинскиот народ, тој никогаш нема да го скрши нивниот дух – изјави Џонсон, цитиран од „Гардијан“.
Британскиот премиер го пофали украинскиот претседател Володимир Зеленски, велејќи дека тој е „навистина еден од најневеројатните лидери на модерното време“.
Џонсон изјави дека целта на настанот „Храбра Украина“ е да се соберат „витални средства за хуманитарен одговор на конфликтот“, пренесува британскиот весник.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.