Важно е Британија да продолжи да покажува поддршка за Украина на долг рок, изјави денеска британскиот премиер Борис Џонсон.
Русите напредуваат сантиметар по сантиметар и за нас е од витално значење да го покажеме она што знаеме дека е вистина, а тоа е дека Украина може да победи и ќе победи, изјави Џонсон по враќањето од Киев во Британија, пренесува Гардијан.
Џонсон предупреди на ризик од замор во Украина како што минува времето.
Кога станува збор за замор, многу е важно да покажеме дека сме со нив на долг рок и да им ја дадеме стратешката издржливост што им е потребна, рече Џонсон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.