Премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон, ја отфрли можноста Лондон да го олесни визниот режим за украинските бегалци, велејќи дека Британија е дарежлива земја, но дека мора да провери кој влегува.
Ние сме многу, многу дарежлива земја. Она што го сакаме е контрола, сакаме да видиме кој влегува. Мислам дека има смисла за такво нешто, со оглед на тоа што се случува во Украина – рече Џонсон, цитиран од Ројтерс.
Тој рече дека Британија не сака систем во кој луѓето ќе можат да влегуваат во земјата без никаква проверка и контрола.
Мислам дека тоа не е вистинскиот пристап, но нашиот пристап е сè уште многу, многу дарежлив. Како што ситуацијата се влошува, луѓето ќе сакаат да ја видат нашата земја како ги шири рацете кон луѓето кои бегаат од војната – рече тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.