Американскиот телевизиски водител и комичар Џеј Лено се здобил со тешки изгореници на лицето откако се запалил еден од неговите автомобили.

Тој е згрижен во болницата за пластична хирургија „Грошман брн центар“ во Лос Анџелес. Според наводите, левата страна од лицето му е изгорена, но окото и увото не се сериозно зафатени.

Лено во објава потоа нагласи дека има сериозни изгореници по запален бензин. – „Добро сум. Ми требаат само една до две недели да застанам на нозе“, наведе тој.

Џеј Лено (72) поседува колекција од 286 возила – околу 100 автомобили и мотоцикли. Тој беше еден од најгледаните ТВ-водители во САД, со своето вечерно „Тунајт шоу“ (The Tonight Show). По напуштањето на шоуто во 2009 година, тој почна со своја сопствена програма „Гаража“ (Jay Leno’s Garage) на „Си-ен-би-си“ во 2015., а водител е и на „You Bet Your Life“ од 2021 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.