Најмалку две лица загинаа откако руски ракетен напад погоди здравствена клиника и ветеринарна зграда во источна Украина, соопштија официјални лица.

Видео снимката покажа сериозно оштетена локација од која излева чад, по нападот во градот Днипро во петокот. Поголемиот дел од горниот кат на трикатната зграда беше уништен, заедно со автомобилите паркирани во близина. Се наведува дека се повредени и повеќе од 20 лица, меѓу кои и три деца.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го опиша наводниот ракетен напад како „злосторство против човештвото“.

Тој додаде:

„Уништени се зградите на психолошката клиника и ветеринарната амбуланта во градот Днипро… Само зла држава може да се бори против клиниките. Не може да има воена цел во ова. Тоа е чист терор“

Регионалниот гувернер Серхи Лисак изјави дека од урнатините на ветеринарната зграда е извлечено тело, додека 69-годишен маж исто така е убиен.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.