Двајца мажи и една жена загинаа во руското гранатирање на градот Херсон во јужниот дел од Украина, соопштија регионалните власти.

Во нападот се оштетени голем број на инфраструктурни објекти, а покрај загинатите има и 6 ранети лица.

Украинските власти велат дека во рускиот напад се оштетени клиничката болница, автобуската станица, училиште, банка, станбени згради и поштата.

Херсон од почетокот на воената инвазија до ноември годинава беше под окупација на руската армија.

Од ноември се врати во рацете на украинските сили и е константна цел на ракетирање од страна на Русија.

Инаку, вчера три лица загинаа, а уште две беа повредени откако руските сили нападнаа станбена област во градот Константиновка во источна Украина.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.