Случувањата во Украина предизвикуваат огромен интерес ширум светот, поради што голем број медиуми од различни земји испратија свои репортери кои од терен известуваат за случувањата. Но, поради големата напнатост меѓу двете страни, тие честопати, извршувајќи ги своите работни обврски, запаѓаат во опасни ситуации.
Таква е случката што ја доживеале двајца новинари од Јужна Америка, кои известувале за „Чилевизион“ и кои биле уапсени од украинската полиција. Притоа, од поголеми проблеми ги спасил, верувале или не, Диего Армандо Марадона.
Случувањето го раскажува новинарот Даниел Матамала, на својот Инстаграм профил.
На еден од контролните пунктови, полицијата ни ги задржа документите, камерите и телефоните и не одведоа во станица. Првичното испрашување беше многу тензично, тоа е земја во војна и се сомневаат да не има шпиони, саботери … – вели новинарот.
Како што објаснува тој, не било лесно да се надмине јазичната бариера, но во таа напната ситуација им помогнал универзалниот јазик на фудбалот.
Еден од полицајците ги виде пасошите на мојот колега од Аргентина и и изговори два збора коишто многу добро ги разбравме, „Меси“, „Марадона“. Тука се смени целиот разговор – вели Маталана.
Токму е легендарниот Диего, кој е познат во целиот свет имал улога на медијатор во ситуацијата.
Нашиот снимател ја покажа тетоважата од Марадона што ја има на ногата и благодарение на тоа разговорот стана пријателски и ни беше овозможено да заминеме без проблеми. Се благодарение на „Божјата рака“ на Марадона – вели Маталана, кој споделува и фотографија од тетоважата што можеби им ги спасила животите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.