Италијанската полиција уапсила двајца млади Албанци, по потекло од Косово, осомничени дека подготвувале терористички напад во Италија, пренесе Топ чанел, повикувајќи се на италијанската новинска агенција АНСА.
На 15 јуни, италијанската специјална единица на карабинери (РОС) која истражува тероризам и организиран криминал, со поддршка на регионалната команда на Тренто, издала наредба за ограничување против двајца млади, момче и девојка, со албанско потекло, откако биле обучени да вршат насилни дејствија. Имено, планирале да извршат напад со експлозивна направа во Трентино во име на терористичката организација Исламска држава (ИД), наведува Топ чанел.
Приведените се на возраст од дваесет години и се под истрага под обвинение за „заговор за тероризам, уривање на демократскиот поредок, регистрација и обука за терористички цели, вклучително и меѓународни“.
Италијанскиот суд на момчето му изрекол мерка домашен притвор, со обврска да ја носи електронската нараквица, со која се следи локацијата додека девојката ќе се брани од слобода.
Во решението за спроведување на мерката куќен притвор, се објаснува дека оваа одлука е утврдена со потребата да се гарантира пат на дерадикализација на осомничениот, чие семејства се целосно интегрирано во италијанската социјална структура, ќе има суштинска улога.
Истражните дејствија покажаа дека двете лица, родени во Италија, во семејства со косовско потекло, долго време интегрирани во социјалниот, работен и студиски контекст, тргнале на пат на радикализација овозможена од џихадистичката пропаганда на интернет. По нападот, двајцата требало да отпатуваат во Африка за да се приклучат на терористичката организација, наведува телевизијата.
Во текот на акцијата извршени се повеќе контроли со кои е овозможено запленување на компјутерска опрема и хемиски производи кои би се користеле за производство на експлозивни направи.
Планираниот напад би се случил „секако во Трентино, но не можеме да кажеме повеќе“, објаснил главниот обвинител Сандро Раимонди.
Од избувнувањето на вооружениот конфликт во 2011 година, повеќе од 350 косовски граѓани отпатувале во Сирија и Ирак. Во групата Косовци кои отпатувале во Сирија, освен мажи, имало и жени и деца. Досега повеќе од 250 се вратиле од Сирија во Косово. Косово стана една од првите земји во светот што систематски ги враќаше своите граѓани од сириските кампови, наведува Топ чанел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.