На лондонскиот аеродром Хитроу се случил инцидент кога два авиони се судриле на пистата, објавија британските медиуми.

Фотографиите на социјалните мрежи покажуваат како авион на „Вирџин Атлантик“ со крилото допира авион на „Бритиш ервејс“. Боингот 787-9 на „Вирџин“ го завршил својот лет и се движел кон паркинг просторот на аеродромот, а во моментот на инцидентот немало патници.

„Вирџин“ почна истрага за причините за инцидентот и авионот е изваден од употреба додека инженерските тимови работат на одржување на леталото. Авионот на „Бритиш ервејс“ бил во мирување во моментот на инцидентот и бил на преглед од инженерски тимови, соопшти авиокомпанијата.

Свесни сме дека еден наш празен авион дојде во контакт со крилото на друг авион додека се влечеше на паркингот на терминалот 3 на Хитроу. Безбедноста на нашите патници и членови на екипажот е секогаш наш приоритет, изјави портпаролот на „Вирџин Атлантик“.

Сличен инцидент се случи во четвртокот во Сан Франциско, кога два авиони на „Јунајтед ерлајнс“ се судрија, но немаше повредени.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.