Велика Британија деновиве буквално гори од насилните антиимигрантски протести кои се интензивираа во последните денови, при што беа подметнати пожари во згради, возила и хотели во кои се сместени барателите на азил.
Немири избувнаа во градовите и населените места минатата недела, откако три девојчиња беа убиени во напад со нож во Саутпорт, северозападна Англија, а досега се уапсени 420 лица.
Убиствата веднаш беа искористени од антиимигрантски и антимуслимански групи. Набргу по нападот, на интернет се проширија дезинформации дека осомничениот напаѓач е радикален исламист кој штотуку пристигнал во Британија. Но, полицијата соопшти дека осомничениот е роден во Британија и дека случајот не се третира како терористички инцидент.
Сепак не се само протестантите насилни. На снимка од Мидлсбро, која водечките медиуми не ја објавуваат, се гледа како организирана група на мигранти беспоштедно претепуваат учесници на протестот.
— Pluton (@Pluton45873221) August 5, 2024
Шокантни сцени се забележани и во Болтон каде полицијата, според наводите на БиБиСи морала да ја изведе коњаницата на улиците како би го спречила судирот меѓу десничарите и организираната група мигранти од Азија.
— Pluton (@Pluton45873221) August 5, 2024
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.