Полициски и противпожарни екипи го опколија авионот што слета на аеродромот во Манчестер, по закана за бомба.

Персоналот на аеродромот потврдил дека авионот од Дубаи слетал нешто по 19 часот.

Британските медиуми пренесуваат дека авионот бил пренасочен кон друг дел на пистата, за авиособраќајот кој бил за момент запрен, повторно се нормализира. Во меѓувреме авионите кои требало да слетаат во Манчестер, биле пренасочувани кон Ливерпул.

Полицијата и натаму е на терен каде ги врши финалните испитувања. Наводно санувало збор за сомнителен пакет, а според неофицијалните информации полицијата не пронашла ништо и најверојатно станува збор за лажна дојава, пренесуваат англиските медиуми.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.