Авионот, наводно, претрпел пукнат преден дел по полетувањето од Орландо, Флорида, и му била потребна помош при слетување.

Предната гума за слетување била дупната, што предизвикало страв од пад на пистата. Во тој момент, слетувањето го следеле повеќе од 3.000 луѓе на FlightRadar24.

Авионот успеал безбедно да слета, а на пистата го пречекале екипи за итни случаи и работници вработени во компанијата Вирџин Атлантик.

„Како мерка на претпазливост, побаравме од инженерите да се сретнат со нашиот лет VS226 кој патува од Орландо до Единбург при слетувањето поради низок притисок во гумите“, рече портпаролот на Virgin Atlantic.

„Безбедноста на нашите патници и членови на екипажот е секогаш наш главен приоритет. Драго ни е што авионот слета нормално“, додаваат тие.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.