Александар Васовиќ, новинар во „Ројтерс“ е еден од ретките што имаше можност да разговара со претседателот Володимир Зеленски откако почна војната во Украина. За шефот на Украина вели дека му оставил впечаток на лидер кој е подготвен за борба.
Ми делуваше уморно, доста е емотивен во настапот, имам впечаток дека верува во тоа што го зборува и дека е искрен. Тој успеа во она што ретко на кој политичар му успева – да ја добие поддршката на јавноста, да собере поддржувачи околу себе и да дејствува како претседател на сите, вели Васовиќ.
Додава и дека ја слушнал реченицата што му оставила впечаток: „Можеме да пцуеме внатре во државата, но сега кога сме нападнати однадвор сите заедно мораме да се спротивставиме“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.