Нов силен земјотрес утрово го погоди западниот дел на Авганистан. Неделава во серија земјотреси во земјата загинаа повеќе од 2.400 луѓе, а многу села беа срамнети со земја.
Новиот земјотрес со јачина од 6,3 степени е регистриран на околу 28 километри надвор од Херат, главниот град на истоимената провинција, на длабочина од 10 километри, соопшти Американскиот геолошки институт (УСГС).
Епицентарот на претходниот земјотрес, во саботата, беше на околу 40 километри северозападно од главниот град на провинцијата Херат, а имаше и неколку силни последователни потреси, вклучувајќи го и земјотресот со јачина од 6,3 степени во саботата.
Талибанските власти соопштија дека повеќе од 2.400 луѓе загинале во провинцијата Херат за време на претходните потреси. Тие подоцна објавија дека илјадници луѓе загинале и се повредени во последователните потреси, но не дадоа детални информации.
Засега нема информации за последиците од денешниот земјотрес.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.