Во болница во Лондон, кај 29-годишен Албанец, кој се пожалил на здравствени проблеми, при преглед е откриено дека неговото срце е на десната страна, а и другите органи биле на спротивна страна.
Според Ора њуз случајот го открил познатиот албански кардиохирург Кристо Папа, кој живее и работи во Лондон.
На пациентот кој има 29 години му беше констатирана дестрокардија и инверзии на абдоминалните органи од лево. Ова е редок случај, бидејќи во целиот свет може да има само пет до шест случаи на луѓе кои имаат ваков вид на телесни абнормалности, изјави доктор Папа во онлај врска за телевизијата.
Додава дека тој и колегите во болницата ќе го следат случајот со младиот човек “кој е своевиден феномен за лекарите” и посочува дека е потребна “голема внимателност и умешност при здравствените третмани”.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.