Првиот човек на холандскиот нафтен гигант „Шел“, Бен ван Берден, предупредува дека Европа може да се соочи со ограничен пристап до енергијата и повеќе од само една зима.

Директорот на најголемата европска нафтена компанија верува дека кризата може да потрае и неколку години, откако цената на бензинот минатата недела скокна на рекордно ниво, во екот на дополнителното намалување на испораките од Русија, што е сигнал дека целиот Стар континент може да падне во длабока рецесија, пренесуваат британските медиуми.

Кризата ќе ја доведе во искушение солидарноста на земјите-членки на Европската унија, имајќи предвид дека секоја влада ќе биде принудена да одлучи како да обезбеди континуирано работење на клучните индустриски сектори – смета Ван Берден.

Тој вели дека притисоците врз снабдувањето со енергија веројатно нема да бидат ограничени само на една зима.

Сосема е можно да имаме неколку зими пред нас во кои ќе треба да најдеме решенија преку заштеди, намалувања и многу брзо наоѓање алтернативи.

 

Дека периодот пред нас ќе биде некако лесен или дека се’ ќе заврши брзо, мислам дека тоа е фантазија која треба да ја оставиме на страна – заклучи првиот човек на „Шел“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.