Извршниот директор на Фајзер, Алберт Бурла (60) соопшти дека е позитивен на тестот за ковид по вторпат.

Се чувствувам добро и немам никакви симптоми, рече Бурла.

Во август Бурла за прв пат имаше коронавирус и почна да го пие лекот против Ковид-19 развиен од неговата компанија „Паксловид“.

Тој примил четири дози од вакцината против ковид развиена од Фајзер и германскиот партнер Бионтек.

Бурла рече дека сè уште не го примил новиот бивалентен бустер.

Не примив бивалентен бустер, ги следев упатствата на американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) да чекам три месеци, бидејќи претходно имав ковид во средината на август, објасни Бурла.

Таканаречените бивалентни дози, развиени од Модерна и тимовите од Фајзер и Бопнтек, се насочени кон подсоевите на Омикрон БА. 5 и БА. 4, кои во моментов претставуваат 84,8 отсто од инфекциите со коронавирус во САД, спoред д најновите податоци.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.