Директорот на ЦИА Вилијам Барнс е позитивен на денешниот тест за Ковид-19 еден ден по средбата со американскиот претседател Џо Бајден, соопшти разузнавачката агенција.

Брнс носеше маска N-95 на неговиот состанок со претседателот и одржувал физичко растојание.

– Нивната интеракција не се смета за близок контакт како што е дефинирано со упатствата на ЦДЦ, а директорот Барнс ја сподели информацијата за неговиот позитивен тест поради транспарентност, се вели во соопштението на ЦИА.

Барнс (65) е вакциниран со три дози против Ковид-19.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.