Поранешниот личен адвокат на Доналд Трамп и поранешен градоначалник на Њујорк, Руди Џулијани синоќа им се предаде на властите во Фултон, Атланта, Џорџија.

Истото се очекува денеска да го направи и Трамп.

Уште 17 обвинети во случајот против Трамп за изнуда и попречување избори воден од окружниот обвинител Фани Вилис деновиве пристигаат во Атланта. Крајниот рок кога треба да се предадат утре на пладне. Трамп од државната власт е обвинет за вршење принуда и рекет врз електорите на Џорџија после претседателските избори во 2020 година.

Судијата одреди кауција за Џулијани во висина од 150.000 долари. Американските медиуми објавија дека тој се соочува со финансиски проблеми и води онлајн петиција за собирање средства. Кауцијата за Трамп е 200.000 долари, но тој нема проблеми да ја плати со оглед на популарноста и собраните десеттина милиони долари донации за неговата изборна кампања.

Неговиот адвокат поднесе предлог за забрзано судење, законот на Џорџија дава таква можност. Според ова сценарио, судењето за 19-та обвинети ќе започна најдоцна до 3 ноември.

Трамп и Џулијани се соочуваат со најголем дел од обвиненијата споредено со останатите.

Џулијани беше личен адвокат на Трамп веднаш по изборите во 2020 година и ги застапуваше лажните тврдења дека изборниот резултат е украден и Трамп бил лишен од победа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.