Девет годишно девојче кое нејзината мајка го киднапирала од нејзиниот татко во 2017 година, било пронајдено живо и здраво во Северна Каролина кога сопственик на продавница ја препознал откако ја гледал серијата „Нерешени мистерии“ на Нетфликс.

Кајла Унбехаун (9) живеела со својот татко и во 2017 година нејзината мајка Хедер Унбехаун (40) дошла да ја земе и ја однела „на сила“, пишува „Дејли мејл“.

Кајла последен пат била видена на 4 јули 2017 година, а сега е пронајдена жива и здрава во Северна Каролина, Соединетите Американски Држави. Сопственикот на продавницата ја препознал по серијата „Нерешени мистерии“ од платформата „Нетфликс“.

Кајла живеела со нејзиниот татко Рајан Искерк, кој имал целосно старателство. На 5 јули 2017 година, тој отишол кај неговата поранешна сопруга Хедер во Витон за да ја земе Кајла и да ја однесе дома. Кајла не била дома, а таткото не можел да ги пронајде ниту ќерката, ниту поранешната сопруга.

Хедер била уапсена минатата недела во Ешвил, Северна Каролина. Таа и Кајла биле препознаени од сопственикот на локалната продавница. Неколку дена пред да ги види во продавницата, гледал епизода за исчезнувањето на Кајла. Штом ја препознал повикал полиција.

Хедер имала право на посета во времето на киднапирањето на нејзината ќерка. Таа ќе биде казнета со 250.000 долари, а се очекува и екстрадиција. Кајла денес има 15 години. Таа беше тема на епизодата „Киднапирана од семејството“ во серијата „Нерешени мистерии“ на Нетфликс. Откако била пронајдена Кајла, се огласи нејзиниот татко Рајан.

Пресреќен сум што Кајла е добро. Сакам да се заблагодарам на Националниот центар за исчезнати деца и на сите агенции за спроведување на законот кои помогнаа во нејзиниот случај. Сега бараме приватност додека се запознаваме и почнуваме од почеток, рече таткото на пронајденото девојче.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.