Најмалку девет лаборатории и компании во светот во моментов развиваат вакцини против Ковид, кои се даваат во форма на спрејови за нос, наместо преку инјекции, покажуваат најновите податоци на Светската здравствена организација.
Покрај тоа што се помалку непријатни од боцкањето со игла, овие вакцини би можеле да бидат поефикасни, во однос на инјекциите, во запирање на корона вирусот онаму каде прво влегува во телото. Со спречувањето вирусот да се размножува во нашиот нос и грло, назалните вакцини би можеле да бидат подобри во спречувањето на трансмисијата на вирусот од човек на човек, јавува Гласот на Америка. Ова е особено важно со оглед на ширењето на варијантата омикрон.
Повеќето од овие вакцини се во рана или средна фаза на тестирање, така што не е јасно кога и дали ќе се стават во употреба.
Голем дел експерти посочуваат дека назалните вакцини би можеле да бидат одлична засилувачка доза.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.