Десетици кинески градови во вторникот се на удар на исклучително високи температури, кои ги топат покривите на зградите и асфалтот на коловозите, додека спарното време ги натера граѓаните во подземните засолништа.

До 11 часот по средноевропско време во вторникот, 68 градови, меѓу кои Шангај и блискиот Нанџинг, издадоа „црвено предупредување“, највисокото во тристепениот систем за предупредување на топлотни бранови, предвидувајќи температури поголеми од 40 Целзиусови степени во текот на следните 24 часа.

Шангај, чиишто власти сѐ уште се борат со спорадични жаришта на Covid-19, ги предупреди своите 25 милиони жители да се подготват за жешкото време во текот на седмицата. Од почетокот на водењето на евиденцијата во 1873 година, Шангај имал само 15 дена со температура над 40 Целзиусови степени.

Наголемо споделувана фотографија на социјалните мрежи прикажуваат на станица прикажува на пункт за тестирање на коронавирусот како техничар во заштитна опрема како прегрнува еден метар висок блок со мраз крај улицата. Во големиот парк за диви животни во Шангај персоналот пренесува осум тони мраз дневно само да ги разладат животните.

Кина годинава се соочува со лето полно со контрасти, со топлотни бранови и обилни врнежи кои се изменуваат пустошејќи ја земјата. Властите, повикувајќи се на климатските промени, предупредуваат на можни временски непогоди од средината на јули, традиционално најтоплиот и најдождлвиот период во годината.

Во град во јужната провинција Џианкси, дел од пат поради горештината се собрал и подигнал најмалку 15 сантиметри, според снимките емитувани на државната телевизија.

Нанџинг, еден од трите кинески ткн „пеколни градови“ познати го жешките лета, од неделата за жителите ги отвори подземните засолништа од воздушни напади. Воените бункери се опремени со ви-фи, библиотеки, вода, па дури и со микробранови рерни. Градските власти во вторникот издаде „црвена тревога“.

Во Чонгчинг, уште еден „пеколен град“, покривот на еден од музеите буквално се стопил, а традиционалните кинески црепови пукале додека топлината го топела катранот кој ги прицврстувал на покривите. Градските власти таму во понеделникот издадоа „црвена метеотревога“ и распоредија камиони прскалки за разладување на коловозите.

Метеоролозите предупредуваат и дека оваа седмица екстремно високите температури, влагата и ултравиолетовото зрачење ќе го погодат и централниот град Вухан, третиот ткн „пеколен град“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.