Земјите од Југоисточна Азија денеска изразија длабока загриженост поради конфликтот во Украина и повикаа на дијалог, но не го осудија нападот на Русија.

Министрите за надворешни работи на 10-те членки на Асоцијацијата на нации од Југоисточна Азија (АСЕАН) побараа од конфликтните страни да направат напори за воспоставување дијалог, пред ситуацијата да излезе од контрола.

Одговорност на сите страни е да ги почитуваат принципите на почитување на взаемниот суверенитет, територијалниот интегритет и еднаквите права на сите народи, соопшти АСЕАН, пренесува АП.

Членки на АСЕАН се Индонезија, Филипини, Виетнам, Тајланд, Сингапур, Брунеи, Камбоџа, Лаос, Малезија и Мјанмар.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.