Владимир Путин помилува уште еден сериски убиец и канибал кој според договорот шест месеци се борел во Украина. Станува збор за Денис Горин (44), чиј фрижидер при апсењето бил наполнет со човечко месо, а осуден е за искасапење на четири лица, а за девет немало докази.
Жителите на Анива, град на островот Сахалин во Пацификот, сега се подготвуваат да се пресметаат со Горин бидејќи мислат дека тој повторно ќе направи злосторство. Соседот на Горин вели дека убиените имале многу роднини во Анива и блискиот Јужно-Сахалинск, главниот град на островот.
– Горин нема долго да биде слободен. Ако властите не можат да се погрижат тој да ја заврши казната, тогаш неговите роднини ќе го линчуваат. И што друго можам да направам? Горин можеби ќе биде мирен една година, а потоа повторно ќе почне да убива. Неговиот брат и соучесник веќе се убиени во затвор – вели соседот Дмитриј.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.