Пратеникот во данскиот парламент Мике Вила Фонсека во интервју за ТВ 2 признал дека е во врска со 15-годишно девојче. Со тоа 28-годишниот политичар го прекршил кодексот на однесување на Умерената партија, кој не дозволува членовите да имаат сексуални односи со лица помлади од 18 години, пишува Берлингске.
Претседателот на партијата Ларс Локе Расмусен набрзо објави дека Фонсека треба да биде исклучен, по што самиот Фонсека реши да ја напушти партијата и да замине на боледување. Инаку, Фонсека изјавил дека родителите на 15-годишното девојче биле свесни за врската и дека му дале согласност.
Последователно, родителите во интервју за Екстра Бладет потврдиле дека навистина дале согласност и дека ја поддржуваат врската.
Работите се случија малку рано, но нема ништо лошо во тоа. На крајот на краиштата, луѓето реагираат на разликата во годините. Но, ние имаме доверба во нашата ќерка и Мајк, рекол таткото, кој сакал да остане анонимен.
Според нивните родители, Фонсека во последните пет години доаѓал во нивниот дом како семеен пријател. Адвокатот најпрво склучил пријателство со таткото на 15-годишното девојче, бидејќи имале заеднички интерес за мотори. Родителите изјавиле дека врската меѓу политичарот и нивната ќерка започнала пред пет месеци.
Откако Фонсека ја напуштил Партијата на умерените, во интервју за ТВ 2 споменал три партии во кои можел да се види себеси во иднина. Сепак, веќе следниот ден, сите три партии – Социјалдемократите, Либералната партија и Либералната алијанса – го отфрлија. Фонсека на изборите освоил 505 повластени гласови.
Данскиот парламент има вкупно 179 пратеници, што значи дека за мнозинство се потребни 90 гласа. Сепак, „Политикен“ пишува дека во пракса, во огромно мнозинство на случаи, доволно е да има 88 гласа, бидејќи четворицата претставници од Гренланд и од Фарски Острови не се мешаат во чисто данските работи.
Социјалдемократите, либералите и умерените освоија вкупно 89 мандати на минатогодишните избори. Сепак, владејачката партија сега може да се најде во неволја бидејќи Фонсека и уште еден пратеник ги напуштиле умерените и станале независни. Иако Фонсека заминал на боледување и била назначена негова замена, прашање е кога ќе се врати и како ќе се позиционира според предлозите на владата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.