Фредерик X денеска стана новиот дански крал, наследувајќи ја својата мајка, кралицата Маргарета Втора, која формално абдицира по 52 години владеење, јави данскиот јавен сервис ДР.
Фредерик X стапна на тронот на состанокот на владата во 14 часот, кога кралицата Маргарета ја потпиша декларацијата за абдикација.
Покрај кралицата, во кабинетот присуствуваа и владините министри и секретарот на кабинетот, кралот Фредерик и неговиот син, престолонаследникот Кристијан.
Телевизијата прикажа снимка од кралицата Маргарета како го напушта замокот Кристијансборг со автомобил низ огромни толпи во Копенхаген.
Наследувањето на тронот во Данска е свечена церемонија која всушност не бара ништо друго освен потпис.
Така, кога кралицата го стави својот потпис на документот, тоа значи дека може да се прогласи новиот регент.
Кралицата Маргарета беше на данскиот трон 52 години, од 14 јануари 1972 година до денеска. Таа ја презеде функцијата од нејзиниот татко, кралот Фредерик IX.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.