Фајзер“ и „Бионтек“ дадоа нов предлог до ЕУ во врска со прекумерните количини на вакцини против коронавирус нарачани од Брисел, според кои земјите-членки би платиле половина цена, или околу 10 евра, за секоја од 70-те милиони дози од кои ЕУ се откажува, пишува денеска во „Фајненшл тајмс“.
Дополнително, измените на договорот ќе и овозможат на ЕУ да се префрли на понови вакцини прилагодени на „сите идни варијанти на Ковид-19“, се додава во написот.
ЕУ преговара со двете фармацевтски компании за намалување на бројот на дози на вакцината што Брисел се обврза да ја купи оваа година на не повеќе од 500 милиони, за возврат ЕУ да плати повисока цена по доза.
Разговорите доаѓаат во време кога Европската унија планира да ги разгледа законите кои ја регулираат фармацевтската индустрија вредна 148 милијарди долари. ЕУ се надева дека новата легислатива ќе може да ги оживее инвестициите и да го прошири пристапот до евтини лекови поради здравствените буџети на земјите-членки исцрпени од пандемијата.Засега нема конетар од Фајзер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.